ВИДЕА


АНКЕТА


Анкетата претставува истражување кое е дел од кампањата „Фер е кога е фер за сите“ која ја спроведува Коалицијата Сите за правично судење. Нејзината цел е да се добијат податоци за состојбата на стандардите на фер судење во Р.Македонија. Анкетата е анонимна. За пополнување на истата ќе ви бидат потребни 5 минути. Ви благодариме.

ЗА КАМПАЊАТА


Целта на кампањата е информирање и промоција за основните права на сите учесници во една кривична постапка, со особен осврт на правото на фер и правично судење предвидено во Уставот на РМ, Европската конвенција за човекови права, како и останатото домашно процесно законодавство. Резултатите кои се очекуваат да се постигнат со оваа кампања се:

  • Запознавање на пошироката јавност- граѓаните со стандардите предвидени во член 6 од Европската конвенција за човекови права, со тоа што истите ќе бидат информирани за суштината и значењето на правото на фер и правично судење.
  • Да се придонесе кон подигнување на свеста за непристрасноста и независноста на судиите во судските постапки, како и правото на одбрана на обвинетиот во една кривична постапка.
  • Подигање на свеста за фундаменталното човеково право – правото на правично судење и дека сите страни се еднакви пред законот, преку акцентирање на потребата и важноста на правичното судење и апсолутната независност на судот преку почитување на законите без исклучок и нивна примена на сите актери во едно општество.

Оваа кампања е финансирана од програмата Цивика мобилитас која го поддржува граѓанското општество во промовирање општествени промени во (стратешки) области, како што се добро владеење, децентрализација и развој на граѓанското општество. Исто така, се поддржува граѓанското општество и во упатувањето на три „трансверзални теми“: родовите прашања, меѓуетничките односи и миграциите.Сите региони и општини, сите сектори и теми се важни за Цивика мобилитас која ќе настојува да ги намалува регионалните и секторските разлики во развојот на граѓанското општество. Внимателно осмислениот институционален развој и организациско јакнење треба да придонесе и кон развојот на целото граѓанско општество како сектор и кон јакнење на самите граѓански организации.

Член 6 од ЕКЧП - Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи

Право на правична судска постапка

  • Секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични обвиненија против него. Пресудата се изрекува јавно, а новинарите и публиката можат да бидат исклучени за време на целата или на дел од постапката во интерес на моралот, јавниот ред или националната безбедност во едно демократско општество, кога тоа го наложуваат интересите на малолетник или заштитата на приватниот живот на страните во спорот, или кога тоа судот го смета за неопходно затоа што во посебни околности публицитетот би можел да им нанесе штета на интересите на правдата.
  • Секој кој е обвинет за кривично дело се смета за невин сé додека неговата вина не се докаже по законски пат.
  • Секој обвинет ги има следните минимални права:
    • веднаш, на јазикот што го разбира, да биде детално известен за природата и причините на обвинението подигнато против него;
    • да му се обезбедат време и услови неопходни за подготвување на неговата одбрана;
    • да се брани самиот или со помош на бранител по свој избор, а доколку не располага со средства да плати бранител, да добие бесплатен службен адвокат кога тоа го наложуваат интересите на правдата;
    • самиот да ги сослуша или да бара сослушување на сведоците на обвинението и да бара повикувањето и сослушувањето на сведоците на одбраната да биде под услови што важат и за сведоците на обвинението;
    • да користи бесплатна помош од преведувач, доколку не го разбира или не го зборува јазикот на кој се одвива судењето

УЧЕСТВУВАЈ ВО КАМПАЊАТА


Поддржано од:

Спроведено од:

ул. Македонија 11/2-10, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел/Факс: +389 2 6139874
contact@all4fairtrials.org.mk
www.otvorenosudstvo.org.mk
www.all4fairtrials.org.mk